Еден по еден, најмалку 14 предмети за кои на обвинителна клупа се 80 лица, ќе паднат во заборав по контроверзните измени на Кривичниот законик, бришењето на став 5 од членото 353, според кој се одговараше за злоупотееби при јавните набавки, поради застареност. На овој список се уште 40 нови предмети што се водат во обивнителството за организиран криминал заведени лани.
Кој се од поранешните и актуелни функционери ќе се спаси од судски прогон? Имаме ли тивка амнестија за “функционерската каста”? За ова, како и за прашањето колку предлог – законот за амнестија на осуденици ќе ги растерети затворите? во Топ Тема вечерва дебатраа Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерката за правда, Александра Цветановска, претседателка на МЗМП и Јанаки Митровски, адвокат.
Измените на КЗ се донесени без владата да направи анализи како тоа ќе влијае врз најмалку 14 судски предмети за кои се обвинети 80 лица, ова е заклучокот од вечерашната топ тема, во која заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ не одговори и како ќе бидат процесуирани уште 40 предмети отворени лани.
„Не сакам да го коментирам постапувањето на обвинителите или судиите во иднина“, рече заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ вечерва во Топ Тема, прашана околу измените на кривичниот законик.
Со бришењето на став 5 од член 353 во опасност се и 40 нови предмети во кои се опфатени 107 лица, од кои : осум актуелни и поранешни градоначалници, 29 административни службеници, пет судии, еден стечаен управник, еден адвокат, 11 раководни лица, тројца поранешни министри, четворица поранешни функционери и 47 други лица, како и две правни лица.
Таа не одговори дали ќе може да бидат процесуирани предмети кои се водат во обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, заведени лани, а кои се однесуваат на укинатиот став пет за злопупотреби на јавни набавки.
