Вести Македонија Најважни

Македонското МНР го потврди протерувањето на тројца руски дипломати од земјава

Министерството за надворешни работи (МНР) го потврди протерувањето на тројца руски дипломати од земјава на 12 септември.

„На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata). Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за преземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението на МНР.

Информација беше објавена вчера попладне на налог на руската дипломатска мисија во земјава на платформата Х (поранешен Твитер“). Потоа беше објавен и коментар на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Во нејзиното обраќање на Х, таа нагласи оти прогласувањето на тројцата дипломати за персона нон грата во земјава било без наведување на причина за таквиот потег од македонските власти.

Захарова го овалификува потег како „непријателски и неодговорен“ и порача дека нема да остане без одговор.

„На 12 септември властите на Северна Македонија, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за «persona non grata». Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор“, се вели во твитот на Захарова.

Русија тврди дека Македонија протерала тројца руски дипломати – Захарова порача дека ќе има одговор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе