Македонија пред три дена протерала тројца руски дипломати, тврди амбасадата на Руската Федерација во земјава, пренесувајќи став на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова објавен на социјалните мрежи.
Захарова тврди дека македонскикте власти не ги објасниле причините за нивно прогласување за персона нон грата. Во интернет објавата, портпаролката на руското МНР го нарече македонскиот потег како неодговорен и непријателски чекор кој нема да остане без одговор.
За руските тврдења дека се протерани нивни дипломати, засега нема потврда од македонска страна.
#Захарова: 💬 На 12 септември властите на Северна Македонија, без објаснување на причините, прогласија три дипломати на Руската Амбасада во Скопје за «persona non grata».
Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор. pic.twitter.com/NUqMigVASN— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) September 15, 2023
