Вести Македонија Најважни

До 30-ти ноември на акција може да се продаваат само алкохолните и безалкохолните пијалоци

Владата донесе одлука за забрана на акции и промоции на прехранбени и земјоделски производи во трговијата на мало.

Со одлука, донесена по предлог на Министерството за економија, се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет.

Оваа одлука е донесена согласно членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, за нарушување на домашниот пазар. Одлуката е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

Со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид на продажба на земјоделски и прехранбени производи, а воедно ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ бара оставка од Клековски, велат тој призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Дејан Дејан

Ралев: Урбанизмот е првиот одбранбен штит на Скопје – но кај нас сега физичките закони се во судир со социјалните, па поради приватна сопственост секој има право да гради

Дејан Дејан

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе