Откако вчера со вицепремиерот Битиќи ја информираа јавноста дека од понеделник се планира повторно замрзнување на цените на прехрамбените производи во малопродажба, денеска министерот Крешник Бектеши се сретна и со претставници од големите маркети за да им ја соопшти одлуката.
Ставот на владата е дека трговците неоправдано ја поскапиле храната.
Министерот за економија, Крешник Бектеши по денешниот состанок со најголемите ланци на супермаркети во земјава, информира дека дошле до заклучок дека има простор за намалување на цените на производите, и како добра волја и општествена одговорност, одлуката на Министерството за економија ќе биде усвоена и поддржана од вторник во делот на поевтинување.
Бектеши потенцира дека потрошувачите нема да се чувствуваат измамени. Според него, Министерството за економија ќе направи измени и дополнување на Законот за државен и пазарен инспекторат, каде што ќе ги зголеми ингеренциите на инспекторите на ДПИ, каде што ќе можат да постапат веднаш. Посочи дека до крајот на наредната недела, ќе го има и новото законско решение за нефер трговски практики, каде што ќе се укинат речиси над 20% од одредени давачки во ланецот трговија, што дополнително ќе влијае во намалување на цените.
