Вести Најважни Свет

Сликите од воздух покажуваат големо уништување од земјотресот во Мароко

Снимки направени од воздух ја покажаа разорната моќ на земјотресот кој го погоди Мароко и кој зад себе остави огромни разурнувања. Европската помош е на пат, додека локалните жители имаат само лопати и со голи раце френетично копаат во потрагата по преживеани. Но, сѐ што вадат се мртвите тела.

Најпогодена е областа Ал Хауз во планините Висок Атлас. Тука има и најмногу жртви. И додека преживеаните ги оплакуваат жртвите, земјата го погоди уште еден силен афтершок..Исплашени од постојаното тресење на тлото, луѓето трета ноќ по ред преспаа на улиците од главниот град Маракеш. Покриени се само со ќебињата кои успеале да ги земат на бегање, пред куќите да им се урнат. Се жалат дека помошта бавно пристигнува. Храна се уште не добиле, а нов предизвик е и студот.

Сите куќи се урнати. Сите луѓе можат да спијат само тука. Ова е трет ден, утре е четврти ден. Нема помош, никој не спие мирно, ништо, а ноќите се студени, вели Асрир Абдесадек од Маракеш.

И покрај понудената меѓународна помош, од Америка и Франција, мароканските власти соопштија дека помош ќе прифатат само од четири држави: Шпанија, Катар, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати.

Локалните спасувачи и волонтерите, како и хуманитарците се во трка со времето. Но, тешката механизација е неможно да стигне толку бргу до најпогодените планински села, каде очајно се чека помош.

Во катастрофата до сега загинаа повеќе од 2.100 луѓе,  но оваа бројка не е официјална..Спасувачите постојано извлекуваат тела од под урнатините, и се очекува зголемен број на жртви. Повредени се речиси 2500-тини, но и тука се стравува да не се извлечат сите, затоа што половина од нив се во критична состојба.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе