Вести Македонија Најважни

Телефоните зафатени, системот паѓа – прв слободен термин за лични документи во Скопје во декември, во другите градови има термини и во август

Шалтерите на Министерството за внатрешни работи (МВР) за вадење на личните документи преполни се и за време на викенд. Секоја минута се забележува како некој влегува и излегува од зградата. Дел од граѓаните велат дека многу нерви изгубиле ѕвонејќи на телефон да закажат термин, кога добиле најрано им закажале за после три месеци. Па така, некои решиле да платат за итна посташпка, други се снашле преку пријатели.

Од МВР велат дека тие работат со полн капацитет и за време на викенди и за празници. Иако ни потврдија дека првиот слободен термин е во декември сепак ги замолуваат граѓаните да останат смирени со порака дека сите ќе ги добијат бараните документи.

„Според податоците добиени од економскиот оператор, за аплицирање на лични документи во Скопје првиот слободен термин е во декември. Доколку граѓаните имаат итна потреба од документи постои итна постапка преку која може веднаш да се добијат. За другите градови има слободни термини и во август“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Граѓаните имаат законска обврска да ги променат личните карти, пасошите и возачките дозволи до средина на февруари. Наместо досегашното име Република Македонија треба да стои новото име Република Северна Македонија. Сумата за вадење на овие документи Владата ја зголеми во март. Сега личната карта чини 310 денари, возачките дозволи се 410 денари, а пасошите за лицата над 27 години скокнаа на 2.000 денари. За промена на сите лични документи сумата само за еден човек е речиси 3.000 денари, а рокот е помалку од половина година. Оние кои нема да успеат да ги променат личните документи до тогаш старите нема да им бидат важечки.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палестинците низ Газа сè уште се борат со сериозен недостиг на храна

Дејан Дејан

ОЈО со обвинение: Жител на Бутел ја давел и со чадор ја тепал сопругата

Дејан Дејан

Силно невреме ја погоди Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе