Вести Македонија Најважни

Четириесет и двегодишен Велешанец со конго-кримска треска – трет случај на инфекцијата во Македонија

Велешанец на возраст од 42 години е третиот случај на конго-кримска треска во Македонија во текот на овој месец. Инфекцијата претходно беше кобна по животот на 27-годишна жена од штипското село Кучица. Од неа се зарази и вработена на инфективната клиника кој пројави симптоми на деветтиот ден од изолацијата.

„Во доцните вечерни часови на 12.08.2023, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ РСМ е телефонски известен за позитивен резултат на Конго Кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес“, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Пациентот, додаваат ид ИЈЗ, е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и се наоѓа во стабилна општа состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе