Кошарка Спорт

Македонија против Чешка за првото место на шампионатот во Скопје

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години вечерва од 21 часот во арената Борис Трајковски против селекцијата на Чешка ќе се соочи во финалето на Европското првенство, Б дивизија.

Двете селекции со победите во полуфиналните соочувања забележаа победи со што дефинитивно си обезбедија настап во повисок ранг од континенталниот шампионат во оваа категорија, но во меѓусебниот дуел ќе решаваат кој од овие национални тимови ќе биде најдобар на турнирот во Скопје.

Македонија го отвори и ќе го затвори настапот на првенството со меч против Чесите.

Нашиот денешен противник во првото коло од фазата по групи стигна до победа од 80:75 иако нашите репрезентативци водеа во поголемиот дел од натпреварот, а на моменти имавме и предност 14 поени.

Вечерашниот дуел е одлична можност за реванш, но и шанса промоцијата во А дивизијата да ја прославиме со триумф и освојување на првото место на шампионатот.

Натпреварот почнува во 21 часот и влезот за сите заинтересирани е слободен.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе