Судската администрација во основните судови во земјава денеска излезе на едночасовен протест пред судските згради.
Верица Тасева од Штип вели дека Здружението на судска администрација е незадоволно од третманот на извршната власт кон вработените во судската служба, бидејќи над 90 проценти од вработените во судската служба земаат плата под просечната плата, односно земаат во распон меѓу минималната и просечната плата.
Многу мал дел земаат просечна плата, а на една рака можат да се избројат раководните службеници, кои земаат малку повеќе од просечната плата. Судските службеници кои денеска протестираа посочува дека разликата во платите меѓу судските службеници и судиите досега е највисоко ниво.
Инфлацијата и цените на производите влијаат и врз намалување на животниот стандард врз овие службеници. Затоа бараат под итно зголемување на платата на вработените во судските служби за 30 %, поради спецификата, сложеноста на работата.
Судските службеници поради тоа што судската ферија почнува од 15 јули, а завршува на 15 август и со протестите ќе продолжи по 15 август.
Викторија Јованова Димитровска
