Вести Македонија Најважни

Османи: Опозицијата бега од одговорност и се води само од инает и од калкулација како да дојде на власт

Опозицијата бега од одговорност и се води само од инает и од калкулација како да дојде на власт, е коментарот на министерот за надворешни, Бујар Османи, за вчерашната одлука на ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од разговорите со власта за уставните измени. Османи дури и упати благодарност на опозициската партија за изјавата, оти покажала колку не и е грижа за интересите на државата.

„Сега, уште еднаш, со своја уста потврдија дека ниту сакаат, ниту имаат намера некогаш да се соочат со било кој предизвик на државата, Единствено што им е важно е да разговараат со владата е избори, власт, моќ. Таа изјава беше многу лоша за нив, нез нам дали ја промислија, меѓутоа партија која што претендира да преземе одговорност, да излезе да каже: Јас не разговарам со никого за ништо друго освен за тоа јас да станам премиер, министер, не знам каква политичка кариера, е најлошата порака што можат да им ја дадат на граѓаните“, рече Османи.

И покрај тоа што вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека партијата ги прекинува сите официјални контакти со власта, Османи не се откажува од тоа да ја убеди ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени. Османи како што рече ќе го прави тоа до последен ден момент, но истовремено и успрати и порака на опозициската партија дека и без неа уставните измени ќе се случат.

„Во однос на пратениците јас очекувам дека бројот ќе биде поголем отколку што е неопходниот за уставните измени, затоашто навистина се повеќе се свесни луѓето дека уставните измени се во наш интерес, дека ваква втора шанса може нема ни да добиеме“, рече Османи.

Османи во конекст на уставните рече дека постои можност во текот на процедурата за уставните измени во Собранието да има амандмани со кои би бил дополнет предлогот. За тоа дали неговата партија би гласала и Торбешите да влезат во Преабулата, кои побараа, а не влегоа во предлогот, одговори дека неговата партија ДУИ ќе гласа за секој предлог кој нема да го загрози консензусот за изгласување на уставните измени, алудирајќи во одговорот дека впишувањето на Торбешите веќе било проблематизирано од некои од партиите во работната група за уставните измени.

Уставните измени, меѓу другото, биле тема на разговор на Османи и со неговата нова бугарска колешка, Марија Габриел, со која за првпат се сретнаа вчера во Дубровник, Хрватска. Средбата со Габриел, Османи ја оцени како коректна. И двајцата се договориле да се интензивира политичката комуникацијата и координација на сите нивоа меѓу двете земји за да се создаде доверба.

„Тоа што го договоривме вчера е една нова динамика во односите за да има поблиска координација, за да нема недоразбирања, за да нема различни очекувања и потоа од тоа да дојде до различна ескалација на односите со Република Бугарија“, рече Османи.

Османи вчера на шефицата на бугарската дипломатија и пренел дека Македонија бара гаранција од Бугарија дека нема да ги блокира патоказите и Акцискиот план за правата на малцинствата кои ќе го достави Македонија, за да можат да стапат на сила уставните измени во земјава. Од бугарска страна, како што информираше Османи, не стигнално конкретно барање за содржината на Акцискиот план, за кој информираше дека веќе се работи на него, со помош на меѓународни експерти.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе