Вести Македонија Најважни

Трагедија во Велес – 42 годишна жена донесена почината во болница, телото е на обдукција

Телото е на обдукција, а институциите засега без детали. Се трага по одговорите – што точно се случило со жената на возраст од 42 години?!

Таа завчера била донесена веќе почината во велешката болница.

Настанот го потврдија од велешката полиција.

Сѐ се случило пред два дена,  и од полиција ги чекаат официјалните резултати за причини, пред да изнесат повеќе детали.

„На 5 јули, во 16:30 часот, од страна на ЈЗУ Општа Болница – Велес е пријавено дека кај нив е донесено починато лице Х.Д. (42 години), од село Јаболчиште, Општина Чашка. Истата е донесена на Одделението за неврохирургија. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. Додека не заврши обдукцијата, немаме поконкретни информации за причината на смртта“, изјави за Телма, Оливера Трајкова – Портпарол на СВР-Велес.

Извори од велешката болница за Телма исто така го потврдуваат настанот и накратко брифираат дека станува збор за пациентка која и претходно била хоспитализирана во болницата.

Имала неколку болести, меѓу кои и срцево заболување по второто породување на 39-годишна возраст.

Сега остануваат резултатите од обдукцијата, за да се дојде до комплетната слика за овој трагичен настан, заведен во билтените на Полиција.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Грмотевици предизвикаа пожар во близината на Штип – огнот се шири на ридовите над градот

Дејан Дејан

Целодневна дебата во Собранието за интерпелацијата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски

Дејан Дејан

По средбата на Јотова и Сиљановска – Бугарија очекува Македонија да ги исполни европските критериуми за членство и да ги внесе Бугарите во Уставот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе