Вести Македонија Најважни

Екипите на ЕВН на терен во Слупчане – жителите им дозволија да влезат во селото и да пуштат струја

По разговорот на министерот за економија Бектеши со градоначалникот на општина Липково, на екипите на ЕВН им беше дозволен влез во село Слупчане. Непречено се работи да ги отсранат дефектите и да направат надградба на дистрибутивната мрежа. Граѓаните мирно набљудуваат додека ЕВН ја пушта струјата.

Во обид сами да го средат дефектот жители на Слупчане предизвикаа поголем и без струја останаа Оризаре, Ваксинце и Лојане.

Синоќа пак со блокирање на главниот пат кој води до селото ги спречија екипите на ЕВН да интервенираат.

Кражбите на електрична енергија во ова село се огромни и на годишно ниво се пресметуваат во милионски суми, а наплатата е само 20%.

Министерот Бектеши изјави дека сите граѓани мора да плаќаат за потрошената електрична енергија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе