Врховниот судија Наке Георгиев на чекор да стане член на судскиот совет. Тој е единствен кандидат од Врховниот суд откако денеска Судски ја затвори кандидатската листа. А токму вчера, на помалку од 24 часа 7 членови на Судски на затворен дел од седница изгласале запирање на дисциплинската постапката против Георгиев која се однесува на неговата работа од времето кога бил претседател на Апелциониот суд во Штип. Единствено екс претседателката Дамева денеска глсаше против кандидатурата на Георгиев
Судски ја запре постапката против него но обвинителството се уште води и предистражна постапка откако судскиот совет кај нив ја препратил анонмината претставка во која се посочува дека врховен судија од Штип земал мито
- Подносителот во претставката истакнува наводи за коруптивно поведение на судија на Врховен суд на РСМ и член на Судскиот совет на РСМ. Укажува дека против судијата сите судии од Апелационото подрачје Штип имаат поплаки за неговото работење, дека врши притисоци и наплаќа за граѓански и кривични предмети, се вели во дел од претставката објавена во записник од седница на судски совет
Телма стапи во контакт со судијата Георгиев но тој рече дека не може да одговри на нашите прашња поради работни обврски.
На втората кандидатска листа судиите од скопското апеационо подрачје ќе бираат мегу двајца колеги, судијката од Граѓанскиот суд Антоанета Димовска и на Лазар Нанев претседател на судот во Кавадарци. Неговото име првично не беше на кандидатската листа поради тоа што не поднел комплетна документација. Членовите на Судски дебатираа и на крај со два гласа против и 8 за го прифатија неговиот пригивор во кој ги објаснувап ирчините и ја дополнува документацијата
Дамева која и за ова глсаше против пак фрли сомнеж дека некој од членовите го известил Нанев зошто првично не му била прифатен кандидатурата па потоа во приговорот се осврнал таксативно на сите забелешки
И за Нанев, Судскиот совет води постапка откако обвинители во Кавадарци го пријавиле дека им се заканува и не ги пушта во судница на рочишта. А вчера членовите го разгледува извештајото на кавадречкиот суд каде тој е претседател и не беше спомнато ништо околу забелешките на обвинителите кон него.
Судски совет ги закажа изборите за 13 јули по оставките на судиите Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски поради несогласувања со работата на судскиот совет особено по незаконконското разршеување на Дамева . Следуваа многу реакции критики од стручната фела, повици за оставка од невладините а најгласно одекна пораката од холансдскиот амбасадор кој ги нарече нелегитимно тело
Елена Ивановска Мукоска
