Вести Македонија Најважни

Крвави траги и вознемирувачка слика – жена за миг го загуби животот откако багер удри во неа во центарот на Скопје

Крвави траги и затворена сообраќајна лента. Пешачкиот премин, според дефиницијата – безбедно место за пешаците, но не и денес на оваа прометна улица во центарот на градот. Жена го загуби животот во претпладневните часови. Официјалното полициско соопштение вели дека багерот удрил во жената. Итната медицинска помош веднаш пристигнала, но докторите само констатирале смрт. Токму на оваа улица постојано има градежна механизација и ваквите багери се честа глетка.

На улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје, во близина на неколку градилишта, багер усмрти 66 годишна жена. Таа починала на лице место, увидот траеше кратко, а сега местото е целосно расчистено.

Возачот на багер е извесен И.А., 42 годишен жител на скопското село Грчец. Според информациите на Телма, тој веќе е однесен во полициска станица и дава изјава за стореното. По овој настан излегоа од МВР како многупати досега, да апелираат до возачите да возат внимателно за да спречат вакви несреќи.

Мораме и ние самите од себе да тргнеме и да кажеме дека ги почитуваме правиалта и прописите и на тој начин ја гарантирам својата безбедност и безбедноста на сите други учесници во сообраќајот. Ако не правиме сообраќајни прекршоци, нема да има сообраќајни несреќи. За да се случи сообраќајна несреќа треба некој да вози пребрзо, да не пропушти пешак или да помине на црвено светло, изјави портпаролот на мвр тони ангеловски.

На лице место беше извршен увид од страна на јавен обвинител. Според информациите од полиција, сега се чекаат насоките од обвинителството, за идните мерки коишто ќе следуваат за возачот додека да трае истрагата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе