Најблиските денеска се простија со 20 годишниот Кристијан Коцев Кико кој беше погребан на градските гробишта во Штип. Големиот борец од најмали нозе водеше битка не само со генетското заболување атаксија, туку и со сите системски слабости со кои секојдневно се сочуваат пациентите со ретки болести.
Смртта на младото момче уште еднаш го отври прашањето за една исклучително слаба алка во нашиот здравствен систем-недостигот на палијативна нега со кој се подобрува квалитетот на живот на пацинтите, за да им се намали болката и да им се ублажат симптомите. ,
„Државата нема систем за палијативна нега на терминални пациенти од ниеден вид, ама најчесто се тоа возрасни пациенти за кои јавноста нема толку емоции па ваквите случаи ни се шокантни и не се направил притисок тој голем проблем да се реши. По преку илјадници домашни посети сведочев на стотици пациенти кои последните денови од животот немаше каде да бидат згрижени па беа дома, без оглед на тоа дали и какви услови има во тој дом. Смртта на млади е трагична, но за да дадеме вредност и да не биде залудно, треба да учиме од тоа и да се направат промени“, пишува др Ненанд Лазаров на ФБ.
За Кико во тек беше хуманитарна акција преку која се собраа средства за лекување во Турција, иако лекарите кои денес се огласија на социјалните мрежи велат дека ниту кај нас ниту во најпознатите светски клиники нема лек за атаксија.
Станува збор за вродено генетско заболување, кое на Кико му беше дијагностицирано на 4 годишна возраст на клиниките во Франција и Италија.
Телма од почеток ја следи неговата животна приказна и борбата на родителите со сите системски слабости за да му го олеснат мачниот живот на ова младо момче, кој згасна вчера на 20 годипна возраст.
Емилија Мисирлиевски
