Вести Македонија Најважни

Иницијативите на Антикорупциска поврзани со Мерко задушени во институциите

Едниот предмет заглавил во обвинителството, другиот исчезнал од архивата на Судскиот совет. Двете претставки на Антикорупциска за злоупотреби поврзани со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не го доживеале светлото на денот. Четири години подоцна, во светло на одлуката на Стејт департментот на САД да го стави на црна листа, антикорупционерите обелоденија какви сопки имале во обидот да докажат дека струшкиот градоначалник правел злоупотреби и го оштетил буџетот, купувајќи луксузно возило кога најновото пожарникарско возило во Струга било од далечната 1992 година.

Во ова, според ДКСК, му помогнал судот. Го зголемил минимумот на средства неопходни за функционирање на општината за да се купи скапото Ауди во 2017 година, иако претходните години тоа било одбивано. Антикорупциска се сомневала во политички влијанија и поднела претставка до Судски совет за претседателот на судот. Речиси две години на нивната ургенција добиле одговор дека таков предмет нема во судскиот совет. Во меѓувреме и застарел.

„Имаме доказ дека претставката во Судскиот совет е примена. Тоа кај нас создава сомнеж и затоа се потрудивме пред јавноста да докажеме дека си имаме доставница која ни гарантира дека предметот стигнал до Судскиот совет. Што се однесува до наводите за претседателот на Судот во конкретниот случај, предметот е застарен, тоа кажува Судски совет, бидејќи решенијата биле издадени во 2016 и 2017 година. Во време кога ние сме го доставиле предметот, не бил застарен зашто не биле поминати три години. Потоа предметот исчезнува, иако имаме доказ дека сме го доставиле, но во меѓувреме, кога треба да ни одговорат, велат дека предметот застарел“, рече Ивановска, претседател на ДКСК.

Претставката на ДКСК до Судски совет е од ноември 2019 година. Претседателот на судот Бајрамовски бил повторно реизбран еден месец подоцна, открива неговата биографија.

Антикоруцпионерите сè уште не се информирани ниту за судбината на нивната иницијатива за кривично гонење на Мерко до обвинителството. Иако нивниот предмет, според описот, не се најде мегу шесте активни предмети кои обвинителството ги објави вчера. Денеска добиле одговор дека не можат да им дадат информации за предметот, затоа што во тек е увид и проверка по предметите поврзани со Мерко. Овој одговор од обвинителството го доставија и до медиумите.

Иницијативата да се гони струшкиот градоначалник шетала од републичкото до струшкото обвинителство и на крај завршила во обвинителството за организиран криминал, објаснуваше Ивановска. Последниот траг за овој предмет го добиле во август 2021 година. Очигледно постојат спреги кои не дозволуваат институциите да функционираат, вели Ивановска за оваа, но и сите други заглавени или затворени иницијативи на антикорпуционерите.

Стејт департментот го означи градоначалникот Мерко како неподобен за влез во САД, поради неговата вклученост во значителна корупција. Злоупотребувал средства и се мешал во судски и други јавни процеси.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе