По тешката борба за живот со ретката болест, кога системот затајува, народот се обединува. Почина малиот Кико од Долни Балван. И покрај тоа што пари се собраа за негово лекување во Турција, неговото тело не го издржа патот до Турција. Додека граѓаните како ретко досега сполотени собираа пари за спас на Кико, надлежните само констатираа дека момчето со години не ја контролирало неговата здравствена состојба на клинички. Во кус одговор до медиумите потенцираа дека немало лек кој би стопирал прогресија на неговата ретка болест Атаксија.
Согласно информациите од Клиниката за детски болести тој бил на лекување пред 4-5 години, примал имуноглобулини, по што не бил донесен на контролен преглед. Станува збор за исклучително тешко автоимуно заболување (атаксија телеангиектазија) за која медицинската наука се уште нема пронајдено таргет терапија. Заболувањето се јавува во детска возраст и го афектира делот од мозокот кој ги контролира моторните функции, говорот и со потешкотии во дишењето, велат од Министерство за здравство.
Граѓаните се обединија и преку масовно споедлување на веста на социјалните мрежи ги собраа неопходните 50 илјади евра во обид да му помогнат на Кико да се извлече од тешката здравствена состојба. Но оптимизмот кај граѓаните кратко траеше. Два дена по радоста за собраните средства јавноста ја потресе веста за смртта на 20 годишното момче. Ретката болест заради која прерасно згасна еден млад живот, е невролошко пореметување, го напаѓа имунитетот и ги атрофира мускулите. Најчесто ги напаѓа децата од најрана возраст и за сега нема лек за оваа болест.
Симона Петровска
