Поранешниот министер за економија Џевдет Хајредини коменирајќи го ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, нагласува дека е потребна истрага и за лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според Хајредини зад назначувањето на Мерко стои токму Ахмети и сите кадри што ги назначува лидерот на ДУИ одговараат пред него. Во однос на наводите за криминал и корупција на Мерко, Хајредини вели дека неговите активности ги криел поранешниот премиер Зоран Заев. Заев беше тој што, за да дојде и да и остане на власт, се сложи да се забрани објавувањето на снимките за кривичните дела врзани и што произлегуваат од нелегалното прислушување. Тој што ја криеше корупцијата на Мерко и другите, сега седи во Струмица. Пред правосудството, генерален ремонт потребен е за Владата и премиерот, пишува Хајредини во неколку статуси објавени на својот Фејсбук профил.
Хајредини: Потребна е сеопфатна истрага и за Али Ахмети
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
