Вести Македонија Најважни

Почна извлекувањето на возилото од Лепенец во кое излета семејството Пацоли од Косово, нема официјална потврда дали се најдени таткото, мајката и малолетниот син

Околу 18:50 од водите на Лепенец почна да се појавува горниот дел на црниот автомобил БМВ којшто со сајли го извлекува противпожарно возило.

Возилото БМВ по кое се трагаше над 24 часа во водите на Лепенец е пронајдено околу 17:30.

17:45 Во тек се подготовки за негово извлекување, од МВР не потврдуваат дали во возилото се пронајдени и таткото, мајката и малолетниот син пд семејството Пацоли кои било во автомобилот којшто по сообраќајна несреќа излетал од патот Скопје-Блаце.

Но, на местото на трагедијата пристигна и комбе на погребалното претпријатие “Бутел”.

18:00 Багер го расчистува коритото, а во близина на местото каде е најден автомобилот е и противпожарно возило. Нуркачите дополнително потврдија дека автомобилот е најден откако цели 24 часа, потрагата беше отежната поради надојдените води на Лепенец.

Во 18:40 новинарските екипи и присутните граѓани добија наредба да се оддалечат од безбедносни причини, а во близина на местото се поставуваат сајли за извлекување на автомобилот.

Околу 18:50 од водите на Лепенец почна да се појавува горниот дел на црниот автомобил БМВ којшто со сајли го извлекува противпожарно возило.

Сообраќајката се случи вчера попладне, а 4-членото семејство Пацоли со автомобил падна во реката по судар со скопски возач кој ја претекнувал колоната во која било и БМВ-то на Пацоли. 21-годишниот син успеал да се извлече од автомобилот и бил спасен од реката.

(Видео) Потрага по исчезнатото семејство во матниот надојден Лепенец, возачот кој се удрил со нив е задржан во полиција

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе