Вести Македонија Најважни

Меѓупартиските караници и германската резолуција

Кој е заслужен за изгласувањето на резолуцијата  за Македонија во германскиот Парламент? Ова е најновата препирка меѓу двете најголеми партии. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека резолуцијата е реакција на нивните предупредувања неколку години наназад дека, „со потпишувањето на Договорот за добрососедство се загрозува  “Ахиловата пета“ што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе години“.

Од владејачката СДСМ, пак, заслугата си ја припишуваат себеси.

И двете партии очекуваат слични резолуции  и од други европски држави, како и од САД.

Во меѓувреме, продолжија дообјаснувањата и околу лидерската средба, за што опозицискиот лидер повторно го покани премиерот нејаснотиите да ги разјаснат на телевизиски дуел. Но,  Социјалдемократите му одговорија дека повеќе не прифаќаат бескорисни разговори и повторно побараа да делегира член во работната група за уставни измени.

Далиборка Дамјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе