Вести Македонија Најважни

Таравари: Условот на ВМРО – ДПМНЕ за суспензивни уставни измени е во спротивност со преговарачката рамка на ЕУ

Условот на македонската опозиција за суспензивни уставни измени е неостварлив, бидејќи е во спротивност со преговарачката рамка на ЕУ, оцени денеска лидерот на политичката партија Алијанса за албанците (АА) Арбен Таравари.

Според него, измените на Уставот треба да стапат во сила најдоцна до моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција.

Конечниот став на АА, нагласи Таравари, ќе биде познат до крајот на неделата, кога ќе се состане партиското раководство. Тој смета дека размената меѓу двете најголеми македонски партии со понуди и контрапонуди за гласање на уставните промени, директно влијае и на интересот на Албанците.

– Алијансата за Албанците внимателно ја анализира новонастанатата состојба и до крајот на неделата ќе одржиме состанок на раководството на партијата по што ќе излеземе со усогласен став во партиските органи, рече Таравари на прес-конференција во седиштето на партискиот огранок во Гостивар, чиј повод, како што беше кажано, се средбата и разговорите што ги водат премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Таравари ја поздрави волјата на опозицијата да гласа за измените и оцени дека поставените услови се конфузни и надвор од реалност.

– Нашата преговарачка рамка одобрена од 27-те земји-членки на ЕУ експлицитно го условува отворањето на преговорите со усвојување на уставните измени. Значи, прво усвојување на уставните измени, а потоа отворање на преговорите, потенцира Таравари.

Во однос на условот на ВМРО-ДПМНЕ за излез на албански партии од владата, лидерот на Алијанса напомена дека на АА и се поважни интересот за завршување на европскиот процес и перспективата на граѓаните, а не изборните калкулации на некоја политчка партија.

– Алијансата за Албанците реши да влезе во Владата заради процесот, но ќе се адаптира во зависност од новите околности, дали во Владата или надвор од неа. За нас е важно само завршувањето на процесот и ќе дадеме свој придонес, без услови и без уцени, рече Таравари.

Гостиварскиот градоначалник и лидер на Алијанса за Албанците напомена дека една од главните цели во делувањето ќе биде нивното барање за отстранување на 20 проценти кои го негираат албанскиот идентитет и воведување на албанскиот јазик во Уставот, како и дека е дојден момент за таа промена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе