Култура

Избрани три текстови од два домашни драмски автори на конкурсот на Министерството за култура

Мила Јовановиќ – Миленковиќ и Мики Душански се двајцата автори, чии драмски текстови се избрани на конкурсот за Министерството за култура, спроведен во соработка со МТФ „ Војдан Чернодрински“- Прилеп, со цел збогатување на домашното драмско творештво и негова афирмација. Во соопштението од министерството се вели дека разгледувањето и оценувањето на пријавените текстови го извршила посебна комисија од истакнати, стручни и компетентни лица, именувана од министерката за култура, на предлог од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

  • Од 48 пристигнати и прочитани драмски текстови од страна на комисијата, избрани се три : „Бреме“ од Мила Јовановиќ – Миленковиќ, „Измислена приказна“ и „Не застанувај продолжи понатаму: Лукавиот“ од Мики Душански, велат од ресорното министерство.

Согласно одлуката комисијата да биде анонимна, секој член потпишал изјава за анонимност.

  • Процесот на работа беше таков што секој член од тричлената комисија работеше независно и требаше секој од доставените текстови под шифра да го оцени со оценка од 1 до 5. По добивањето на оценките за секој драмски текст од секој член на комисијата посебно, беше избрана средна оценка, се вели во соопштението.

Министерството за култура на авторите на македонските драмски текстови, за откуп на авторските права за објавување и поставување на драмскиот текст, ќе им додели авторски надомест во нето-износ од по 120.000 денари.

Приоритет добиле текстовите кои поттикнуваат и промовираат  млади домашни драмски автори, кои ја афирмираат современата македонска драма, иницираат зголемено учество на јавноста-интерактивност, активна публика, и текстови кои отвораат актуелни општествени прашања.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Експресионистичкиот ликовен свет на Масин од вечерва на увид на јавноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе