Прифатени оставките на двајцата членови на Судски совет Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова.
Тие на денешната седница образложија зошто решиле да го напуштат највлијателното судско тело. Двајцата судии сами си поднесоа оставки по низата скандали за што на адреса на Судски совет стигнаа и голем број критики меѓу нив и на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.
Врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова изјави дека од кога е член на советот имала определени моменти на разидување во однос на заземените ставови на оваа институција. Како пример таа ги издвои одбивањето на Судскиот Совет да ги достави списите до Врховниот суд како и првите постапки кои што биле водени од страна на Судскиот совет во однос на избор на судии во повисок суд.
Апелацискиот судија Зоран Герасимовски истакна дека во Советот дошол со определена идеологија, но, како што рече, наишол на идеолошки несогласувања со дел од Советот.
Судијата Ханиф Зендели со девет гласа „за“ и еден против денеска е избран за заменик-претседател на Судскиот совет. Колегите му дадоа поддршка и му честитаа на, како што истакнаа, храброста во ова време, кое е крајно неповолно за судството, да се нафати на едно од раководните места во Советот.
