Култура

Џоди Дин: Доколку не зборуваме за правдата и еднаквоста и доколку не инсистираме на истите тогаш системот не функционира

Во рамките на фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржува во Музејот на Современата Уметност (МСУ) се одржа разговор на тема за интерсекционалниот хуманизам денес. Разговорот го водеа Џоди Дин, американска филозофка, теоретичарка и професорка, и Сенка Анастасова, филозофка и професорка со македонско потекло. Доколку не зборуваме за правдата и еднаквоста и доколку не инсистираме на истите тогаш системот не функционира, забележа американската филозофка Џоди Дин.

  • Ние мораме и треба  да зборуваме за социјалната правда и еднаквоста денес. Тоа е поважно од кога и да е, меѓу прашањата за климатските промени, глобалниот капитализам и нееднаквоста, различните видови на корупција кои ги носи капитализмот. Доколку не зборуваме за правдата и еднаквоста и доколку не инсистираме на истите тогаш системот не функционира. Треба да инсистираме да постои систем кој ќе функционира правично за сите. Битката со корупцијата не е лесна, но вистината секогаш победува- Џоди Дин, универзитетска професорка од Њујорк.
  • Малите земји секогаш ја имаат таа моќ на експресивност во подржување на критичката моќ кон големите империјалистички политики и затоа јас сум секогаш на страната на оној мал човек, на малите земји. Всушност не сум сигурна дали постојат мали и големи земји, сите земји се моќни во силата на својот глас што имаат да кажат и затоа треба да се слушаат во таа некоја антиимперијалистичка смисла- Сенка Анастасова, универзитетска професорка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе