Изгласани се петте закони со европско знаменце кои овозможуваат реализација на Договорот со „Бехтел&Енка“. Власта не ја убеди опозицијата дека се работи за проект од стратешки национален интерес но ни опозицијата не ја уведи власта дека не треба да се гласа „на невидено“ заради големиот број можности за злоупотреби.
ВМРО-ДПМНЕ покажа уште една страница од Договорот со „Бехтел&Енка“. Во неа, наводно, стои дека Владата ќе ангажира најмалку пет лица за консултантски услуги за плата од 35.000 или 500 евра месечно.
Премиерот Ковачевски уште еднаш потенцира дека изградбата на коридорите 8 и 10д е проект од стратешки национален интерес, кој ќе отвори 8.000 нови работни места и раст на БДП од најмалку 2 одсто годишно во наредните пет години. Забелешките на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече лаги и хистерии кои ги демантираше и американската Амбасада.
Се работи за законите за работни односи, за градба, за експропријација, за урбанистичко планирање и за определување јавен интерес и стратешки партнер.
Соња Николовска
