Вести Македонија Топ вести

Европското знаменце експресно ги протна спорните закони за „Бехтел&Енка“

Усогласување со криминалот, а не со законите на ЕУ, за опозицијата е денешното експресно аминување на законите за „Бехтел и Енка“.

Најавија кривични пријави за кршење на процедурите, злоупотреба на европското знаменце и наметнување на спикерската воља над правото.

Против гласаше и Маја Морачанин од ДОМ, која исто така смета дека, овие измени предизвикуваат нееднаквост пред законот.

Пратениците реагираа и зошто на предложените измени не се потпишани министри, туку заменици, а на некои и воопшто нема потписи. Образложението зошто се продолжува работната недела, исто така го даде заменик.

Потребата за измени на законите беше изгласана со 62 гласа „за“. Двајца беа против, а опозицијата претходно ја напушти салата. Следи расправа во Комисијата за европски прашања, која за закони со европско знаменце трае два дена, без оглед на поднесениот број на амандмани.

Далиборка Демјанска

Мицкоски ќе упати писмо до Европската комисија за злоупотреба на еврoпското знаменце

ВМРО ДПМНЕ ќе упати писмо до Европската комисија, амбасадите и до сите институции за да предупреди дека со криминален тендер ќе почне изградбата на коридорите 8 и 10д и дека се работи за криминално трошење стотици милиони евра за аванси и пенали. Лидерот на партијата Мицкоски чека реакција од канцеларијата на Европската комисија и од амбасадорите на земјите членки на ЕУ и се сомнева дека тие се злоупотребени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе