Зголемени плати за 78 отсто неделава ќе легнат на сметките на избраните и именувани функционери во државата.
И покрај реакциите на јавноста, експертите, синдикатите, претседателот и Светска банка, намалување на коефициентите за пресметка на платите или системско решение нема.
Одлука на Уставниот суд мора да се почитува, најчесто можеше да се чуе како одговор од Владата и функционерите.
За март избраните и именувани функционери добија повисоки плати но пресметани беа само 8 дена, бидејќи толку време беше на сила одлуката на Уставниот суд со која се укинаа два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите.
Според достапните податоци и коефициентите наведени Законот за плата и надоместоци на функционерите, но без вклучен стаж кој влијае во конечниот износ, Телма направи груба пресметка на платите кои ќе им се исплаќаат на функционерите.
Највисоки плати секако имаат претседателот на државата, претседателот на Владата и претседателот на Собранието кои имаат коефициент 4,5 и платата ќе се движи околу 140 илјади денари што е за 50 илјади денари повеќе од досегашните 92 илјади денари колку што изнесуваше платата на претседателот Пендаровски.
Втор најголем коеифицент – 4 имаат претседател на Уставен суд, потпретседател на Собрание и потпретседател на Влада и нивната плата ќе се движи околу 125 илјади денари.
Новата министерска плата или платата на претседател на врховен суд или на државниот јавен обвинител чиј коефициент е 3,7 ќе биде околу 1.859 евра.
Народните избраници во Парламентот имаат коефициент за пресметка од 3,5 и нивните месечни примања ќе изнесуваат 1.750 евра, без патни тошпци и надоместоци.
3,4 е кофициентот за пресметка на замениците министри, судија на Врховниот суд на Македонија, претседател на Апелациониот суд и виш јавен обвинител а во денари тоа изнесува речиси 106 илјади денари
Градоначалниците имаат различен коефициент кој зависи од бројот на жители во општината и се движи од 2,7 до 3,7 за градоначалникот на Скопје и новите плати ќе се движат во рангот од 84 илјади денари до 115 илјади денари колку што според пресметките треба да изнесува платата на градоначалничата Арсовска.
Опозициската ВМРО – ДПМНЕ најави поддршка за системскиот закон кој го најавува Владата а пратеникот Милошоски немаше одговор дали и колакава априлска плата му е исплатена.
Од министерството за финансии не добивме одговор колку вкупно тежат покачувањата на платите, од која ставка во Буџетот се планирани и доколку не се од која ставка би биле трансферирани.
Огнен Чанчаревиќ
