Спорт Фудбал

Роберто Фирмино на лето се сели во Барселона

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино по завршувањето на оваа сезона ќе се пресели во редовите на Барселона како слободен агент, пишуваат англиските медиуми.

Бразилецот не го продолжи договорот со „црвените“ и по осум години реши да побара нов предизвик во кариерата. Каталонците имаат навика да доведуваат познати фудбалери без обештетување поради финансиските проблеми, па Фирмино ќе биде големо засилување во нападот.

Неговата минутажа сепак ќе биде релативно лимитирана, бидејќи неприкосновена „деветка“ во тимот моментално е Роберт Левандовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе