Ракомет Спорт

Јовиќ: Со поддршка од трибините да стигнеме до победа против Татран Прешов

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре во Битола го играат првиот четвртфинален натпревар во СЕХА лигата.

На Битолчани им е потребна победа за помирен реванш во Словачка и да остане во трката за освојување на трофејот во регионалното натпреварување.

“Се работи за доста квалитетна екипа која е повеќрактен првак на Словачка и утре во Битола не чека еден многу тежок и неизвесен натпревар. Таран Прешов е екипа во која во составот има голем број на интернационалци, но ние ќе се подготвиме за овој предизвик и првиот дуел во Битола да го решиме во наша полза”, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ.

Битолчани по поразот на Вардар во дербито против Алкалоид повторно се во трката за шампионскиот трофеј, кој заедно со пехарот во Купот се приоритет на Еурофарм Пелистер во текот на оваа сезона.

“Пред нас се два клучни месеци и треба сите заедно максимално да се мобилизираме за да ја исполниме нашата цел, а тоа освојување на двојната круна во Македонија. По сето она што се случуваше на дербито против Вардар оставија трага на екипата, но утрешниот натпревар е момент кога сите заедно треба да се сплотиме околу исполнување на таа цел. Сметам дека Пелистер плус Чкембари е еднакво на Битола. Така да мислам дека утрешниот натпревар е голема шанса и ги повикувам нашите најдобри навивачи да дојдат да ни дадат поддршка и со позитивна атмосфера да го победиме Татран Прешов”, заврши Јовиќ.

Натпреварот против Татран Прешов се игра утре во салата Боро Чурлевски, а почетокот е закажан за 18 часот.

ФОТО: Еурофарм Пелистер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе