Вести Македонија Најважни

Спасовски: Два месеца имавме сознанија за активностите во Идризово и ги следевме

Се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот со копање на подземен тунел од затвореници за организирано бегство од Идризово, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

„Не само сега по откривањето, тој процес беше започнат и претходно. Се работи во соработка со јавниот обвинител за организиран криминал и, секако, дека тоа ќе биде еден опсежен случај во којшто, секако, треба да се докаже и учеството на вработените во затворските институции“, изјави Спасовски

Сознанијата за активностите што биле преземени во затворите, како што рече, МВР ги имало околу два месеца.

„Цело време се работи заедно со Управата за извршување на санкции, Агенцијата за национална безбедност, и во тие рамки се подигна и степенот на обезбедување и во затворот и надвор од затворот. Надлежни се Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, меѓутоа МВР беше секогаш тука за да помогнеме и да не се наруши безбедноста“, рече Спасовски

Тој порача дека за секој што сторил кривично дело мора да има санкции и одговорност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе