По написите на А1.он дека министерот за надворешни работи Бујар Османи лани во Јордан при посета добил подарок златен ајфон со вграден дијамант, тој првин негираше, а потоа одговори и на прашањето на Телма.
Во одговорот потврди дека добил подарок иако сосема различен од она што е објавено во вчерашните написи.
–Проверив, од МНР на Јордан на поадрок сме добиле урми (овошје), ни врати министерот Бујар Османи на прашањето за златниот Ајфон 14-ка.

Османи беше во Јордан на посета лани во октомври на 7-миот Регионален Форум на Унијата на Медитеранот кога С. Македонија беше примена во членство на оваа организација.
