Вести Македонија

Бујар Османи одговори на Телма каков подарок добил во Јордан

По написите на А1.он дека министерот за надворешни работи Бујар Османи лани во Јордан при посета добил подарок златен ајфон со вграден дијамант, тој првин негираше, а потоа одговори и на прашањето на Телма.

Во одговорот потврди дека добил подарок иако сосема различен од она што е објавено во вчерашните написи.

Проверив, од МНР на Јордан на поадрок сме добиле урми (овошје), ни врати министерот Бујар Османи на прашањето за златниот Ајфон 14-ка. 

Османи беше во Јордан на посета лани во октомври на 7-миот Регионален Форум на Унијата на Медитеранот кога С. Македонија беше примена во членство на оваа организација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп го пофали Зеленски и украинските дронови, најави можен договор за нивна набавка

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Мелони му преврте очи на Трамп и јасно стави до знаење дека е лута

Kristina Kuzmanovski

ДУИ ќе протестира за заштита на Охридскиот рамковен договор

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе