Вести Македонија Најважни

Во тешка сообраќајна несреќа загина 25-годишна жителка од село Белче

Автомобил со демирхисарски ознаки управуван од 33-годишен жител на селото Белче излета од патот кај месноста „Бели мост“ при што загина неговиот сопатник.

Станува збор за 25-годишна жена, сопруга на возачот, а во автомобилот било и нејзиното малолетно дете кое во несреќата се здобило со тешки телесни повреди и веднаш е хоспитализирано во Клиничката болница во Битола соопштуваат од МВР.

Првичните информации од истрагата говорат дека најверојатно причина за страотната несреќа е неприлагодената брзина на возилото на условите на патот.

Битолската полиција извршила увид на местото, а поради сообраќајната несреќа, неколку часа беше во прекин сообраќајот на патот Битола-Демир Хисар.

Пред осум месеци на истото место се случи трагедија во која животот го загуби 46-годишен полицаец, кој со возилото излета од патот на истото место, а првичните неофицијални информации и тогаш говореа дека причината е неприлагодена брзина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс

Kristina Kuzmanovski

Променливо облачно со сончеви периоди локално нестабилно со пороен дожд – Временска прогноза за 23.7.2026

meteo

ЦУК: По невремето 80% од градот Кочани бил без електрична енергија, а поради прекин на работата на пумпите за вода имало прекин и во водоснабдувањето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе