Отворена поддршка за министрите од ДУИ, испрати вечерва од Чаир, Али Ахмети. Во ниту еден момент не ги спомна директно незадоволните од партијата, но упати повик за обединување и рече дека сите треба да сфатат дека времињата се променија.
- Јас сум горд на овој тим што ДУИ го има во владата. Сите дипломати ми велат дека образот на оваа држава се кадрите на ДУИ. Никогаш не тѕреба да се излегува од одлуките на мнозинството, на органите на партијата. Сите треба да разберат дека денеска од нас се бараат експерти. Ние треба да ги поддржиме, да се надминеме себеси, Ако сме разделени, никој нема да има почит кон нас, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Ахмети побара и обединување на Албанците во Фронт з аевропа. Кажа дека му испратил порака на Касами, а разговарал и со Гаши и Таравари, да се тргнат настрана неважните работи и да се фатат за работа. Рече дека ДУИ е ураган што ќе ги збрише сите кои ќе се обидат да ја спречат нивната мисија.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пак, вети дека ќе бид е изгласан законот за казината и нема да има коцкарници на 500 метри од училиштата. Бујар Османи, пак, се пофали дека добил порака од некој од меѓународната заедница со честитки за успехот на преговорите викендов во Охрид и порака до Ахмети дека ништо во регионот не се прави без ДУИ. Тоа што токму Охрид беше избран за место на преговори, го поврза со Охридскиот рамковен договор.
Единство и помирување побара и Артан Груби, кој пред собирот негираше дека, присутните се тука под притисок.
Двете раскарани групи во ДУИ, подолг период одвоено држат собири. Пред три недели, на истото место, собир со голема посетеност имаше и таканаречената „огнена група„.
Далиборка Демјанска Цветановска
