Ракомет Спорт

Почнува борбата за Ф4 во ракометниот Куп на Македонија

Со три дуели, по еден во машка и два во женска конкуренција почнува решавачката борба за пласман на завршните турнири во ракометниот Куп на Македонија.

Серијата мечеви кај мажите се отвора со натпреварот меѓу Пролет и Голден Арт чиј почеток е закажан за 18 часот и 30 минути. Победникот од овој меч утре ќе се соочи со поуспешниот од средбата Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш.

Кај дамите програмата се отвора со дуелот од втората група меѓу Деспина и Кузман Вардар кој стартува од 19:15 часот. Победникот за противник ќе го има поуспешниот од мечот Вардар – Шампион, а финалето ќе се одигра в недела.

Денеска се игра и мечот од групата 4 во кој Пелистер се соочува со Гевгелија, а победникот од оваа средба в недела игра со Куманово кој во полуфиналето е слободен.

Завршниот турнир во Купот на Македонија се игра во периодот од 13 до 15 мај.

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА – РАКОМЕТ/МАЖИ

Осминафинални турнири

ГРУПА 1

18.3 17:00 Вардар – Охрид

18.3 19:00 Јуниор КВ – Скопје

19.3 17:00 ФИНАЛЕ

 ГРУПА 2

18.3 13:00 Радовиш – Еурофарм Пелистер 2

17.3 18:30 Голден Арт – Пролет

18.3 19:00 ФИНАЛЕ

ГРУПА 3

18.3 18:00 Бутел – Алкалоид

18.3 15:00 Вардар Неготино – Прилеп

19.3 18:00 ФИНАЛЕ

ГРУПА 4

18.3 14:30 Струга – Тиквеш

18.3 12:30 Куманово – Еурофарм Пелистер

18.3 20:00 ФИНАЛЕ

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА – РАКОМЕТ/ЖЕНИ

Осминафинални турнири

ГРУПА 1

18.3 16:30 Скопје – Спартак

18.3 19:30 Ѓорче Петров – Чаир

19.3 17:00 ФИНАЛЕ

ГРУПА 2

18.3 16:00 Вардар – Шампион

17.3 19:15 Деспина – Кузман Вардар

19.3          ФИНАЛЕ

ГРУПА 3

18.3 14:30 Стружанка – Астибо

18.3 19:00 Овче Поле СУ – Металург

19.3          ФИНАЛЕ

ГРУПА 4

17.3 20:00 Пелистер – Гевгелија

19.3 17:00 финале

 

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе