Вести Македонија Тест избори

Заврши огласот на приватните превозници за линиите 20 и 22 – Град Скопје молчи колку се пријавиле -„Макекспрес“ тврди никој не е пријавен

И додека приватните превозници ја чекаат историската средба во Владата, денеска завршува една од можните решенија на градот Скопје за решавање на проблемот со јавниот превоз- огласот за линиите 20 и 22, а за кои беа потребни 20 автобуси и 44 возачи.Но од градот не откриваат дали и колку превозници се  пријавиле на овој оглас. За Телма велат дека резултатите ќе бидат соопштени откако ќе истече рокот, поради чекање на евентуални пријави по пошта. Повикот беше објавен пред еден месец и на него, како што информираше Град Скопје, немаат можност да конкурираат превозниците од „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“, поради прекршување на одредбите од претходниот договор од нивна страна. Огласот за линиите 20 и 22 ги опсложуваше „Макекспрес“ па според нив никој од превозниците не се пријавил на огласот.

Но тука не застануваат проблемите со јавниот превоз. И покрај тоа што недостасуваат автобуси па граѓаните се приморани да чекаат и по половина час, сведочат и за лошата состојба во автобусите на ЈСП. Оттаму велат дека автобусот експресно е повлечен во гаража, со цел да се санира настанатиот проблем.

Напоменуваме дека станува збор за неочекуван проблем, настанат во текот на возењето. Имено, сите возила пред пуштање во сообраќај се подложни на рутински преглед. Меѓудругото и на т.н. водени тестови кои имаат за цел проверка и на евентуални протекувања, соопштија од јсп.

На 9ти февруари е првото судско рочиште на кој копјата ке ги вкрстат приватните превозници и првиот човек на градот Скопје Данела Арсовска. До тогаш приватниците ќе ја чекаат средбата во Влада за да бараат да бидат вратени на скопските улици а долгот да им се исплаќа на рати.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе