Вести Македонија Најважни

Со 30 % изгорено тело, девојче од Маџари едвај спасено од врвот на вагон каде снимала ТикТок видео-предизвик и преживеала струен удар

Видео за тик-ток снимено на големите вагони во Маџари за малку ќе завршеше трагично. 17-годишната тинејџерка од струјниот удар добиен на врв на вагон е сериозно повредена и се лекува на клиниката Карил.

Има изгореници од трет степен на 30 проценти од телото, одговорија од клиниката. Настраданата е свесна и контактибилна. Вчера попладне девојката била врз вагонот, кога го преживеала големиот струен удар.

Најблиските соседи ја спасувале бидејќи била во несвест врз вагонот.

се наместивме, викнавме луѓе, го натеравме девојчето да скокне, ја фативме во ќебе и ја однесоа со брза помош- вели спасувачот на девојката.

Освен ваквиот пример за качување на вагон за да се сними видео на социјалните мрежи кружат и видеа каде тинејџерите снимаат како возот им се приближува и предизвикот е кој повеќе ќе издржи да не се тргне.

Од полицијата немаат точна статистика за ваквите примери кои можат да имаат смртен епилог, но граѓаните постојано реагираат и укажуваат на социјалните мрежи за опасен предизвик во кој децата буквално скокааат пред автомобил.

И психолозите и социолозите алармираат на внимателност при користење на социјалните мрежи.

родителите, наставниците, психолозите, педагозите, тоа се дел од тој циклус на воспитно образовен процес и сите имаме улога во споделување на содржини на ИНтернет-истакна директорката на центар за интернет, развој и добро управување.

Тие проблемот го лоцираат во недоволна родителска контрола врз децата за тоа што гледаат на Интернет и недоволната едукација како да се користат социјалните мрежи.

Епилогот сега не е трагичен, а на пругите кај Маџари тик-ток за малку ќе предизвикаше смрт.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе