Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот на арената Тодор Проески во Скопје против селекцијата на Финска ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари што ќе ги одигра во следниве четири дена.
“Лигата на Нации е зад нас, сега е актуелно Финска и Азербејџан како генерална проба пред квалификациските натпревари во март. Секако ќе пробаме различни варијанти кои ќе ни бидат во функција, за сето она што не очекува во март. Не случајно инсистирав да играме со квалитетни противници, и тоа како квалитетни тимови и репрезентации, Финска е супер тим како тим, неслучајно се во вториот шешир, и точно ќе ни дојде како насока и правец што би требало да се промени или да се задржи за она што не очекува и во групната фаза. Знаете дека имаме квалитетна група, и затоа ни се потребни овие контроли со квалитетни противници”, изјави Милевски.
Предводникот на националниот тим на овие мечеви најави и некои измени во составот, а посебен фокус ќе биде во нападот се со цел да се подобри реализацијата на креираните шанси.
“Ќе има некои промени, особено што последните мечеви ни дадоа некои насоки особено во реализацијата дека треба да се подобриме. На тој момент не бев задоволен, и се надевам во иднина ќе го промениме тој сегмент”, заврши селекторот.
ФОТО: Игор Паневски
