Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на Австралија опен во 2023 година, пренесуваат тамошните медиуми.
„На Новак Ѓоковиќ му е дозволено да игра на Австралија опен во 2023 година, бидејќи неговата тригодишна забрана за австралиска виза ќе биде укината“, се наведува на социјалните платформи на мрежата „Најн њуз Мелбурн“.
Српскиот тенисер е деветкратен освојувач на гренслемот во Мелбурн, што го прави најуспешен во историјата на турнирот, чие издание во 2022 година го пропушти поради афера, па дури беше и во притвор.
Само три месеци по завршување на турнирот, Австралија ги укина сите мерки за невакцинирани странци, поради кои Ѓоковиќ првично не можеше да игра.
Австралија опен во 2023 година ќе поќне на 16 јануари.
