Вести Македонија Најважни

Бугарскиот финансиер на здруженијата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ ги претстави учениците од битолското средно технички училиште како истомисленици на контроверзниот бугарски клуб во Битола

Фондација „Бугарска меморија“ на бугарскиот тајкун Милан Врабески кој ги финансира здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, ги претстави учениците од битолското средно Техничко училиште како истомисленици на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Тие се во дводневна посета на Софија заедно со директорката на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“, Жанета Сервини, како и заменик директорот Љупчо Здравковски. Ова е објавено на фејсбук страната на фондацијата, како и на официјалнта веб страница, на која исто така има и фотографии од оваа посета.

Младите кои се истомисленици на Бугарскиот културен центар Иван Михајлов Битола беа тука како составен дел од долгогодишната програма на Бугарската Фондација за градење добрососедски односи.  За врме на престојот учениците слушаа историско предавање   за  Националната гарда, на кои  учествуваше и основачот и претседател на Фондацијата Бугарска меморија Милен Врабевски, кој зборуваше за приоритетите на фондацијата и сите донации за Македонија. Посетата продолжи со посета на Националниот историски музеј, а потоа групата се прошета во историскиот центар на Софија со водич обезбеден од домаќините,, пишува на веб страницата на „Бугарска Меморија“.

 Телма се обиде да добие одговор од директорката Сервини  од ВМРО-ДПМНЕ, неодамна назначена од градоначалникот  Тони Коњановски, зошто учениците од Техничкото училиште, се претставени како истомисленици на Бугарскиот клуб Ванчо Михајлов, и која беше целта  на посетата на која присуствуваше и раководството на ова училиште, но одговор не добивме

Инаку на веб страница на фондацијата Бугарска Меморија можат да се најдат сите проекти што ги  финансира во земјава. Покрај поддршката за двете бугарски здруженија  во Битола и Охрид, таму се објавува дека фондацијата ќе ги покрие сите трошоци за настанатите штети на објектите, а меѓу последните објави е и поддршката за детското ликовно студија Мал Битолски Монмартр, кое Врабевски го посети на почетокот од октомври, откако како што наведуваат од студиото Македонија го откажала финансирањето.

Потоа фондацијата го организирала и празникот на бугарската армија на Воениот споменик во Ново Село, донирала и за библиотека во Охрид, како и други проекти кои се објавени на официјалната веб страница на фондацијата Бугарска Меморија, чиј основач е бугарскиот тајкун Милен Врабевски.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе