Вести Свет Топ вести

Украина на Генералното собрание на ОН повика да се осуди руската анексија

На почетокот на итната седница на Генералното собрание на ОН, синоќа, Украина ја повика светската заедница да ја осуди руската анексија на деловите од нејзината територија, со што таа го прекрши меѓународното право.

Таканаречените референдуми немаа никаква врска со тоа што ние го нарекуваме изразување на волјата на народот, ниту од правен, ниту од технички аспект, изјави синоќа во Њујорк украинскиот амбасадор во ОН, Сергиј Кислицја.

Тој ги повика членките на ГС на ОН да ги одбранат принципите на Повелбата на ОН.

Зад руската делегација, кога таа ќе влезе во Генералното собрание, останува трага од крв, а салата е исполнета со мирис на скапано човечко месо. Тоа е тоа што го толериравме во Сирија. Еве што се случува во Украина денеска, додаде амбасадорот Кислицја.

Тој го повика највисокото тело на ОН да усвои резолуција со која се бара Русија да ја отповика својата анексија на четирите делумно окупирани региони на Украина.

Вчерашните ракетни напади на Москва врз Украина, според амбасадорот, уште еднаш покажаа дека Русија е терористичка држава.

На почетокот на седницата на Генералното собрание на ОН Русија не успеа во обидот да изнуди тајно гласање за нејзината нелегална анексија на делови од Украина.

Големо мнозинство од 193-те членки на ОН, точно 107, на почетокот на вонредната седница гласаа за јавно изјаснување за нацрт-резолуцијата за ова прашање пред најголемото тело на ОН.

Генералното собрание на ОН синоќа ја почна дебатата за неодамнешните нелегални анексии на делови од Украина од страна на Русија.

На крајот на седницата, која поради големиот број говорници би можела да биде продолжена до среда или четврток, се очекува земјите-членки да гласаат за резолуцијата со која се осудува Москва.

За разлика од Советот за безбедност, резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки според меѓународното право.

Резолуцијата ги осудува руските „незаконски таканаречени референдуми“ и „обидот за нелегална анексија“ и ги повикува земјите да не го признаат овој руски чин и го потврдуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Синоќа само 13 земји се спротивставија на јавното гласање, 39 беа воздржани, а Русија и Кина воопшто не гласаа.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, на Генералното собрание на ОН, ги доведе под прашање напорите да се осуди Русија.

Каква врска има тоа со мирот и безбедноста или обидот да се реши конфликтот, рече Небензја, опишувајќи го како „уште еден чекор кон поделба и ескалација, што сигурен сум дека не е нешто што му треба на апсолутното мнозинство држави во оваа соба“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе