И по десет дена откако заврши јавното отворање на понудите од новиот тендер за набавка на нови автобуси се уште не се открива кои фирми и од каде доставиле понуди.
Министерот за транспорт Николоски уверува дека денеска добил информација само дека аплицирале четири компании, но кои се и од каде се во понеделник ќе дал одговори.
Тогаш ќе го добиел целосниот извештај од комисијата односно на 14 ден откако се отворени понудите. Ова е трет обид да се набават 150 нови автобуси за градот Скопје и други општини. Претходните два пропаднаа.
