Вести Најважни Свет

Трамп: Иран наскоро ќе биде поразен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „наскоро ќе биде поразен“.

Тој оцени дека Техеран сака да постигне договор, но предупреди дека САД ќе одлучат дали ќе продолжат со преговорите или ќе ја интензивираат воената операција.

Трамп заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет најави дека ќе обезбеди околу 10 милијарди долари за инвестиции од американски компании од одбранбениот и технолошкиот сектор.

Според него, овие вложувања ќе придонесат за зајакнување на безбедноста и воените капацитети на САД.

Анализи сепак предупредуваат дека на САД ќе им бидат потребни најмалку три години за да ги обноват залихите на ракети „Томахавк“, како и пресретнувачите „Патриот“ и „Тхаад“, поради нивната засилена употреба за време на конфликтот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе