Вести Најважни Свет

Нетанјаху: Израел не е во постојана војна

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека Израел „не е во постојана состојба на војна“ и нагласи дека односите со американскиот претседател Доналд Трамп остануваат силни, и покрај повремените несогласувања.

Во интервју за „Фокс њуз“, Нетанјаху рече дека во 99 проценти од случаите тој и Трамп имаат заеднички ставови, а разликите во мислењата ги решаваат преку отворен дијалог.

Според него, таквите несогласувања се нормални во блиски партнерства. Неговите изјави доаѓаат во време кога се забележуваат разлики меѓу Вашингтон и Тел Авив околу привремениот договор меѓу САД и Иран за запирање на конфликтот меѓу двете земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Засилени безбедносни мерки во Анкара пред Самитот на НАТО

Kristina Kuzmanovski

Пожарот кај „Рампа“ ставен под контрола, еден пожарникар повреден во неговото гасење

Дејан Дејан

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе