Судењето за случајот Пулс продолжува денеска со изведување на материјални докази од Обвинителството.
Како што е најавено, обвинителството треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица.
На минатото рочиште обвинителството презентираше докази, како записници од претрес и потврда за привремено одземени предмети од МВР, дописи, известувања и записници од СВР Штип, известувања од Државен пазарен инспекторат, како и предмети од ДПИ за Класик ДМ и ММММ Кафе, налози за вршење инспекциски надзор и записници од извршени инспекциски надзори од ДПИ.
По изведувањето на доказите на Обвинителството, материјални докази и сведоци ќе изведува и одбраната, која, како што најави, има и две вештачења.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година , загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
