Во Анкара се воведени засилени безбедносни мерки во пресрет на Самитот на лидерите на НАТО, кој ќе се одржи на 7 и 8 јули. Градските власти спроведуваат посебен режим на обезбедување и сообраќај со цел непречено одржување на настанот.
Според турската државна агенција „Анадолија“, за безбедноста ќе бидат ангажирани околу 70.000 припадници на безбедносните сили, од кои 55.000 се полицајци и жандармерија.
Дополнително, од 5 до 10 јули е забранет влез на тешки товарни возила во градот, а електричните тротинети нема да бидат дозволени во одредени безбедносни зони. Турските власти ги санираа и оштетувањата на коловозите по трасите предвидени за движење на официјалните делегации.
