Дваесет и петгодишен жител на Штип е лишен од слобода откако бил затекнат како пали сува трева во атарот на селото Долни Балван, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Според информациите, на 11 јуни 2026 година околу 12:30 часот, полициски службеници од СВР Штип го привеле Б.С. (25) од Штип. Тој бил затекнат околу пладне како потпалува сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З. (36) од Штип, покрај магистралниот пат Штип – Кочани“, стои во соопштението на МВР.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно расчистување и документирање против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Локализиран пожарот во Кумлак, спасен сопственик на зафатена викендица
