Вести Економија Топ вести

Од над 30 до над 50 отсто зголемување на цената на услугата – вакви барања добила регулаторите од фирмите за парно

За колку ќе се зголеми цената на парното греење? Компаниите веќе ги доставија пресметките на трошоците до регулаторна. Најголемо зголемување од речиси 54 отсто на својата услуга бара компанијата која што го врши снабдувањето со топлинска енергија. ЕСМ дистрибуција пак пресметале и бараат зголемување на цената на дистрибуцијата од над 45 отсто, а производство 32, 7 проценти.

  • ЕСМ Снабдување      53,9 %
  • ЕСМ Дистрибуција    45,5 %
  • ЕСМ Производство   32,7 %

Од ЕСМ за Телма велат дека во овие пресметки освен прогнозите за цената на гасот  кој има најголем дел од трошоците на компаниите, реалните трошоци кои ги направиле компаниите за време на претходната грејна сезона влегуваат и стари трошоци од претходни години за кои тврдат дека регулаторите им ги има признаено, но истите не биле вклучени  при носењето на тогашните одлуки за крајната цена на парното греење.

До денеска е и рокот до кога може сите заинтересирани правни и физички лица да достават мислења и предлози во врска со најновите барања на компаниите за топлинска енергија. Новата цена пак на парното греење треба да се донесе до крајот на јули, а да важи од први август.

Последно, греењето поскапи за 5, 9 отсто, со образложение дека се прави за да може да се инвестира во дистрибутивната мрежа поради која изминатата грејна сезона имаше доста проблеми.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработени од Детска клиника на протест: Шест месеци без плата и без продолжени договори

Tea Dimkovska

Тетовец на 78 години доби притвор за физички напад на сопругата

Дејан Дејан

Прешова: Наместо Судски нека се формира Судо-шпед

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе