Вести Македонија

51 годишен прилепчанец и 42 годишна сопатничка починаа во сообраќајка Градско-Прилеп

Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа.

Денеска 11.06.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило „шкода“ и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, спопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „голф“, констатирани во Општа болница Кавадарци и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршил јавен обвинител во содејтво со увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот бил нормализиран во 17:00 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Укрински напади, Киев ги повика цивилите да ги напуштат окупираните подрачја

Kristina Kuzmanovski

Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, робот оперираше пациент со карцином на простата

Kristina Kuzmanovski

Од електрична инсталација изби пожар пред зграда во Кисела Вода, станарите во паника брзаа да излезат

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе